Општина Кисела Вода ќе ја реконструира „Христо Татарчев-Крак 6″

Општина Кисела Вода распиша тендер за реконструкција на кракот 6 на улицата „Христо Татарчев”.

о целата должина на оваа улица ќе се постави нов асфалтен слој. Исто така ќе биде извршено нивелирање на шахтите. Од кракот 6 се издвојуваат два пристапа до индивидуални објекти, кои исто така ќе претрпат реконструкција. Градежнитe работи ќе се изведуваат во должина од 125 метри.