Орбан во посета на Македонија, Иванов ќе го одликува со „8-ми Септември“

Унгарскиот премиер ќе се сретне и со премиерот Груевски и спикерот Вељановски
Претседателот, Ѓорге Иванов, денеска ќе го одликува со орден „8-ми Септември“ претседателот на унгарската Влада,  Виктор Орбан, кој престојува во официјална посета на земјата.
Орденот „8-ми Септември“ на премиерот Орбан, му се доделува за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија.

 

Во рамки на официјалната посета на Македонија, освен со својот домаќин премиерот Никола Груевски, унгарскиот премиер ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе се обрати и на Македонско-унгарскиот бизнис форум.