Магазин

Ослободете се од болка со масажа на стапалата

Ослободете се од болка со масажа на стапалата

Луѓето често немаат кому да се обратат за разните тегоби кои ги имаат. Затоа ви носиме ефикасен начин да си помогнете самите на себе, а притоа да не потрошите ниту денар.

На дланките и стапалата постојат зони со чија масажа можеме да постигнеме неверојатни резултати во отстранувањето на болката во телото. Тие одговараат на одредени делови на телото и се нарекуваат рефлексни зони.

Оттаму и името рефлексологија. Тоа е метода чии корени се од древна Кина, но станала популарна во САД кон почетокот на дваесетиот век.

Експертите по рефлексологија тврдат дека на телото постојат енергетски зони кои одговараат на одредени зони на стапалата. Со масажата на тие зони се стимулира енергетската зона на одреден орган или дел од телото, а резултетот е подобро функционирање на тој орган или исчезнување на болката во тој дел од телото.

Така на врвот од палците на нозете се наоѓа зоната на мозокот, а веднаш под таа, се наоѓа точката на синуси. Во центарот на стапалата, во близина на петата, се наоѓа точката за бубрези, а точката за бели дробови и гради се наоѓа во горниот дел веднаш под прстите.

Refleksologija

Погледнете го видеото на кое убаво се гледа како треба да се масираат рефлексните зони. Можете да го користите било кој предмет кој има слични  димензии како стапчето на снимката.