Осомничениот за убиството ја признава вината, опозициските медиуми во обид да ги разгорат страстите

Со цел да се разгорат страсите медиумите блиски до Сорос и СДСМ ја форсираат теза дека ножот, со кој е убиен осумнаесетгодишниот Ангел Петковски не е сопственост не е на осомниечниот за убиството, Насер Е., како што тврди неговиот адвокт, туку на жртвата.

Тоа е целосно неважно за делото, но доколку и би било така како што се шпекулира убиство е убиство, има сторител, има докази и според адвокатот има признание односно осмничениот не негира дека го убил Петковски, туку напротив тој ја признава вината.

Осомничениот за целиот случај дава одбрана и свое видиување на она што се случувало кобниот ден пред Европската очна болница во Ѓорче Петров. Судот потоа во постапката ќе оценува дали тоа му оди во прилог.

Исто така е важно дека адвокатот на осомничениот, Рубин Двојаков вели дека неговиот клиент го признава делото односно се изјаснува за виновен. Така се спроведува секој случај, потоа се оди на околностите, а потоа на одмерување на казната. Но, прв чекор е вината, а неа сторителот ја признава.

Дека постои оркестрирано сценарио за подгревање на страстите дополнително се потврдува и со објавените информации во медиумите блиски до СДСМ за бројот на повредени во вчерашниот протест, пишува информативниот портал Курир.

Ваквите информации кои немаа потврда од надлежните институции само го потврдува оркестрираниот настап за разгорување на страстите. Наспроти ова, Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираше дека нема пријава за ниту еден повреден учесник во протестите.

Институциите одговорно апелира граѓаните да останат воздржани и да не дозволат да бидат манипулирани и вовлечени во посериозни нциденти кои би имале далекусежни последици.

Апел беше испратен и до медиумите од кои беше побарано сериозно и професионално да ги извршуваат своите задачи и да ги проверуваат сите дезинформации пред да ги објават за да не ја доведуваат во заблуда јавноста.