Ова е тактиката на СДСМ за насилни протести пред Собранието

Дел од луѓето кои протестираат пред Собранието против наводна полициска бруталност со стаклени шишиња гаѓаат кон зградата на Собрание, тие носат маици или превези преку главите и на секој начин се обидуваат да предизвикаат судир со полициските службеници, пишува Курир.

Според информациите од терен, групата на Саша Богдановиќ- Српче кои како што објави вчера телевизија Сител се навивачка група на кошаркарскиот клуб  Работнички, финансирани од Општина Центар треба да глумат лоши протестанти или уфрлени, а останатите кои се активисти на СОРОС и добар дел од нив работат на проекти на СОРОС, треба да глумат умерени протестанти или таканаречени “деца на цвеќето“.

Познавачите сметаат дека ваквата тактика на СДСМ добар протестант-лош протестант е очајна тактика и слабо алиби за нивните вистински намери за употреба на насилство за за нарушување на редот и поредокот. Оваа глума не поминува кај граѓаните кои го прочитаа лицемериоето на Заев.

Според информациите од терен, сите учесници на насилните протести се членови на СДСМ и партиски активисти, а со присуството на најтесното раководство на СДСМ на вчерашните и денешните протести се докажа кој стои зад насилните демонстрации.

Сител вчера објави дека активистите на СДСМ имаа логистика и од навивачи организирани од директорот на „Паркинзи“-Центар, Саша Богдановиќ – Српче. Дел од нив се регистрирани на безбедносните камери и уловено од снимателите на медиумите.