Паднал по скали и починал

Скопјанец паднал по скали и починал. Вчера околу 03.00 часот во село Другово – Кичево, во изнајмен објект-куќа Р.Џ.(66) од Скопје, кој престојувал во една просторија, додека се симнувал по бетонски скали, паднал на грб и со глава – тилот удрил во скалило.

Истиот, како што информира МВР, се здобил со повреди и од страна на лица кои престојувале во истиот објект бил пренесен во Медициснкиот Центар -Кичево каде што дежурниот лекар констатирал смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево. Починатиот е пренесен во капела во МЦ-Кичево каде ќе се врши обдукција.