Паркер го нападна Руни

Легендарниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Пол Паркер, упати остри критики на адреса на новиот капитен на „црвените ѓаволи“ и англиската фудбалска репрезентација, Вејн Руни.

Паркер кој настапуваше на „Олд Трафорд“ од 1991 до 1996 година смета дека Руни игра разочарувачки слабо во последно време, и дека Луи Ван Гал набрзо треба да го отстрани од стартната постава на Манчестер Јунајтед.

– Големо олеснување е што во тимот пристигна Радамел Фалкао, бидејќи бевме исклучително лоши во нападот. Со Робин Ван Перси очигледно нешто не е како што треба, а што се однесува до Руни, тој е ужасен. Го гледав натпреварот со Барнли и наместо капитенски да го предводи тимот, тој беше заинтересиран само за себе и својата игра. Не можам да поверувам дека заработува 300.000 фунти неделно за да игра толку лошо. Кога Ван Перси ќе биде повторно фит, Руни мора да биде отстранет од стартната постава на Јунајтед. Ако ме прашувате мене, напаѓачката улога секогаш ќе ја имаат Фалкао и Ван Перси, – изјавил поранешниот англиски репрезентативец кој помина пет сезони на „Олд Трафорд“ под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.