Велосипедистот кој вчера беше прегазен на раскрсницата со булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Франклин Рузвелт“ им подлегнал на тешките повреди.
Шеесет и четири годишниот скопјанец Нинослав С. го загуби животот откако во него удрил автомобил „Ауди“, додека тој стоел на пешачко острово на раскрсницата. Тој со Итна помош бил пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите. Автомобилот го управувал 20 годишниот Е.Т. од Скопје. Тој, по несреќата е задржан во полициска станица и од него се земени примероци од крв и урина кои се предадени на анализа.
Откако Е.Т. удрил во велосипедистот, со автомобилот удрил и во автобус.