Патник во авион на „Туркиш ерлајнс“ се заканувал со бомба

Патник од Туркменистан во авион на „Туркиш ерлајнс“ предзвика паника заканувајќи се дека носи бомба, објави турската телевизија НТВ, објави МИА.

Авионот се подготвувал да полета од Истанбул за Ашхабат, кога еден од патниците, се заканил дека носи бомба.

Персоналот го информирал пилотот за заканата, по што била повикана полиција. Патникот одбил да биде претресен и насилно бил симнат од авионот. По проверката се покажало дека станува збор за лажна закана.

Патниците биле евакуирани и авионот целосно претресен, по што полетал за Ашхабат.