Македонија,Економија

PayPal од денес во Република Македонија

PayPal од денес во Република Македонија

Од денеска, 17 јуни, вторник, 2014 година, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal.

„Ова е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се водеа уште од 2007 година и постојаните контакти со нив, при што изминатиов период Република Македонија беше ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal,“ информираат од МИОА.

Претходно од страна на Министерството за информатичко општество и администрација беа исполнети сите предуслови за доаѓањето на PayPal и беше усогласена неопходната законска регулатива.

Контактите на Министерството за информатичко општество и администрација и оваа компанија и натаму ќе продолжат со цел понатамошно унапредување на соработката.