Пентагон и Трамп стојат зад одлуката на Иванов за разврска на кризата во Македонија

„Албанците сега играат на се или ништо бидејки сега нив им е јасно дека тоа што сега го прават со оваа стратегија ќе им се врати како бумеранг на следните или на некој од наредните избори. Затоа играат на се или ништо. Бидејќи се свесни дека во Р.Македонија ќе биде спроведен попис поради европски стандарди, дека во Р.Македонија може повторно да бидат отворени случаите околу Хашките случаи и дека во Р.Македонија, ако не се почитува волјата на македонците, утре кој може да бара од макеоднците да ја почитуваат волјата на албанците и може во некоја идна македонска влада нема да бидат застапени партиите на албанците, туку може да има 3 или 4 министри од редовите на видни албанци како што тоа беше случајот во 91 година“, заклучи новинарот Васко Ефтов во вчерашната негова емисија „Во центар“.

Одлуката на Претседателот Иванов да не му го додели мандатот на Зоран Заев ја носи во средата, т.е. еден ден пред посетата на Могерини на Скопје. Како резултат на таа одлука македонските аналитичари и колумнисти блиски до опозицијата побараа интервенција на НАТО на територијата на Р.Македонија. НАТО може да интервенира на територијата на Р.Македонија само со подршка на Пентагон. Пентагон не само што не планира да интервенира на територијата на Република Македонија, а без американската војска НАТО на територијата на Европа е една безопасна организација, туку го прима во официјална посета Началникот на Генерал Штабот на Македонската Армија, потенцира Ефтов.

„Во изминативе 12 месеци Претседателот на Р.Македонија изврши серија на чистки и на кадровски поместувања во врвот на структурата  на Македонската Армија, тоа значи дека армијата е под контрола на Иванов, тоа значи дека началникот на ГШ е под контрола на Иванов и ако тој е примен од воената структура на Пентагон која делува на територијата на Европа, тоа всушност значи дека на еден индиректен начин Пентагон и Доналд Трамп и неговите структури стојат позади одлуката на Ѓорге Иванов како да биде разрешена политичката криза во Република Македонија“, обелоденува Ефтов.

Според Ефтов: Суштината на тоа што денес ни се случива во Р.Македонија е судир на Пентагон и ЦИА. Структурите на ЦИА се под контрола на поранешните политичари Барак Обама и Хилари Клинтон и структурите на Пентагон зад кој стои Доналд Трамп. Таа војна која денес се води н територијата на Р.Македонија се води и на територијата на САД. Пред неколку денови во Стејт департментот е направена вистинска чистка, всучност е затворен седмиот кат на Стејт департментот, преку кој се реализирани сите „Шарени револуции“ во светот.“

„Во моментов Македонија е позначаен стратешки партнер на САД во споредба со Албанија“, заклучуваат  Ефтов и Велиновска.

„Албанија е земјата каде што последно стапна бившиот шеф на ЦИА, бараше од Рама да ја дестабилизира ситуацијата на Балканот, за да можат да ќарат пак некое време и да организираат конференции, што повеќе хаос да направат, затоа е пуштена и платформата“, дополнува Велиновска.

Договорот помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е срушен директно од Еди Рама, преку некој  европски пријатели и од деловите на старата Американска администрација , така да тоа не е тајна во дипломатски кругови можете да прашате кого сакате ќе ви ги даде истите одговори, потенцира Иван Столковиќ , претседател на Српската партија во Македонија.