Пешевски: Преку „Македонија вработува“ досега вработени 15.200 лица

Преку проектот „Македонија вработува“ досега се креирани 15. 200 нови работни места. Во просек тоа се 60 вработувања дневно или 15 фабрики со вработување од по 1.000 лица. За ова говореше вицепремиерот во Владата задолжен за кономски прашања Владимир Пешевски.

Проектот не беше насочен кон една целна група, туку кон пет различни категории на граѓани и токму како резултат на ова се реализираа овие 15.200 вработувања, посочи тој.

Како што рече проектот е отворен до 15-ти април и очекувањето е дека дотогаш оваа бројка уште повеќе ќе се зголеми.

Како што рече, важно е тоа што има подеднаква застапеност на вработувањата во сите 4 региони на земјата, односно во секој регион, се забележани вработувања на од 3,5 до 4.000 граѓани во секој регион пооделно.

Напомена дека ова е доказ дека проектот ги адресира потребите на целото население, и истиот го оцени како исклучително успешен.