четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Пешевски: Стандардите се важни за конкурентноста на компаниите

Македонија досега има усвоено над 27.000 стандарди и стандардизациски документи со чија примена македонските компании, особено оние кои се посветени на меѓународната трговија, стануваат поконкурентни како на домашните, така и на меѓународните пазари.

vladimir-pesevski-640x294

Последни вести

Македонија досега има усвоено над 27.000 стандарди и стандардизациски документи со чија примена македонските компании, особено оние кои се посветени на меѓународната трговија, стануваат поконкурентни како на домашните, така и на меѓународните пазари.

Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето на 12. Годишно собрание на Европското тело за стандардизација и Европското тело за електротехничка стандардизација, чиј домаќин од вчера е Македонија.

На овогодинешното собрание  што ќе трае и денеска и утре присуствуваат над 250 претставници од 70 држави.  Истовремено се одржува и Саем за индустрија и образование, на кој претставниците од странство ќе имаат можност да се запознаат со стандардиите кои ги применуваат македонските компании и високо образовните институции.

Со примената на стандардите, како што потенцира Пешевски, се добива на производи со повисок степен на додадена вредност кои придонесуваат за зголемување на извозот, а со тоа и на економскиот раст на земјата.

Според Пешевски, Република Македонија со организацијата на овој настан докажува дека е рамноправен член со останатите земји членки на европските тела за стандардизација и докажува оти земјата и во оваа област останува посветена на својот пат кон рамноправно членство во Европската Унија.

Како што истакна директорот на Институтот за стандардизација на РМ Љупчо Давчев, Македонија е полноправен член на европските тела,  со уште 28 земји членки на ЕУ, три земји членки на ЕФТА и Турција. Направени се навистина големи чекори кога е во прашање донесувањето стандарди и стандардизациски документи, посочи Давчев.

Најчитани вести