Пешевски: Владата ќе продолжи со подобрување на бизнис климата

Владата на Република Македонија и понатаму ќе продолжи со активностите за привлекување на странски инвеститори, но не само тоа, ќе продолжи и со подобрување на бизнис климата и за македонските компании и инвестиции.

Ова денеска го потврди вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, на прес конференцијата на која бере најавена новата странска инвестиција, бугарската ИТ компанија „Мусала софт“, која во Македонија ќе инвестира повеќе од 23 милиони евра и ќе вработи 320  лица висококвалификуван кадар.

Она што беа нашa заложба за креирање на поволна бизнис клима, креирање на предуслови за силен економски развој и за намалување на невработеноста  во пракса и во реалноста се исполнува, а тоа како наш напор ќе продолжи и во идниот период, подвлече Пешевски.

Како што рече, постепено со текот на годините фокусот ќе биде префрлен на компании како „Мусала софт“, односно индустрии кои имаат поголем степен на додадена вредност, што подразбира и позабрзан економски развој.

За потсетување, само во текот на 2015 година неколку странки компании ја најавија својата инвестиција или инвестираа во Македонија: во Прилеп компанијата Гентерм, во Штип компаниите Кондево и Техникал текстајл, во Кочани-Виница е Анфенол, во Тетово Леарт корпорејшн, во Охрид компанијата ОДВ Електирк, во Кичево ККС, во Струмица новата фабрика на Џонсон контролс, во Велес беше отворен новиот погон на Маркарт.