Пет години од бродската несреќа во Охрид во која загинаа бугарски туристи

Денес навршуваат пет години од бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи.

По тој повод денес  делегација од општина Охрид ќе положи свежо цвеќе пред спомен плочата за загинатите на градскиот кеј.

Бродската несреќа се случи на 5- ти септември 2009 година во 10.35 часот на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец, кога потона бродот „Илинден“.
Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, но благодарение на пожртвуваноста на капетанот на бродот и присебноста на посадите на бродовите „Александрија“ и „Кристина“ и други храбри граѓани, беа спасени останатите 38 туристи од Бугарија кои се превезувале со бродот.