Пет најпосакувани намирници за почеток на денот

Сите знаеме дека појадокот е најважниот дневен оброк кој не би требало да се прескокнува.

Ова се петте најпосакувани намирници за почеток на денот.

1.Овесна каша

Создржи влакна, богата е со Омега 3 масни киселини и содржи калиум. Секогаш бирајте ги овесните снегулки без дополнителни шеќери. Подгответе ги за петнесетина минути, а можете да ги засладите со мед, млеко, или овошје и јаткасти плодови.

2.Грчки јогурт

Овој јогурт е со карактеристичен остар вкус и богат е со калциум и белковини. Најдобро за појадок е јогуртот да не се меша со други намирници. А доколку сакате да изедете и нешто слатко одберете некое овошје.

3.Пченица

Само две лажици пченица ви гарантираат дури 15 отсто од дневно препорачаното количество на витамин Е, кој обично ни недостасува во исхраната. Можете да ги конзумирате за појадок со јогурт.

Грејп

Грејпот позитивно влијае на согорувањата на вишокот килограми и го балансира количеството на шеќер во крвта. Освен тоа, одличен е за хидрација на организмот и богат е со антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем. За добро комбиниран појадок конзумирајте го заедно со белковини.

Банана

Бананата е полна со добри јагленохидрати кои се „главен виновник“ за тоа долго по појадокот да се чувствуваме сити. Содржи голема количина калиум, а добра е и во комбинација со житарки. Сите овие намирници даваат енергија, го зајакнуваат имунитетот и штитат од инфекции. Важна е и разновидната храна, која ги исклучува рафинираните производи, особено шеќерот.