Пет убиени во муфтивство во североисточна Турција

Пет лица се убиени, од кои двајца клерици, а уште две се ранети во пукање во канцеларијата на локалните влатсти во градот Терџан во североисточната турска покраина Ерзинчан, потврди покраинската администрација.

Крвавиот инцидент се одиграл околу 15 часот по локално време во петокот, во канцеларијата на покраинската администрација во текот на дискусијата меѓу имамите на вообичаениот месечен состонок, кога еден вработени во кнцеларијата на мифтијата почнал неселективно да стрела од пиштол.

Првично беше објавено за две жртви во овој инцидент, од кои и заменикот на муфтијата и еден проповедник, како и за пет ранети, односно четворицата имами и вклучително и напаѓачот кој се обидел да си одземе животот откако побегнал од самото место. Повредените биле однесени во градската болница каде што и покрај напорите на лекарите, тројца им подлегнале на повредите, меѓу нив и напаѓачот.

Заменикот гувернер на Ерзинчан, Муса Баштурк, изјави за медиумите дека напаѓачот имал „психички проблеми“, а дека состојбата на другите двајца ранети е критична. Обвинителството отворило истрага на крвавиот инцидент, а засега не се познати мотивите