Петнаесет грама хероин пронајдени кај охриѓанец

Четириесет и четиригодишниот А.Т. од Охрид доби кривична пријава бидејќи кај него биле најдени петнаесет грама хероин.

На четврти овој месец полицијата извршила претрес во станот на пријавениот во Охрид, при што се пронајдени околу 15 грама хероин.

Од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.