Плата плус за медицинскиот персонал ангажиран за време на акцијата во Куманово

Финансиски надомест во висина од една месечна плата по медицински работник, ќе му биде доделена на медицинскиот персонал ангажиран за време на полициската акција во Куманово. Ова беше одлучено на вчерашната владина седница.

Плата плус ќе добијат вработени во Ургентниот центар на Комплексот клиники Мајка Тереза, во Општата градска болница 8 Септември – Скопје, во Универзитетската клиника за хируршки болести Свети Наум Охридски – Скопје, во Општата градска болница во Куманово, во Итната медицинска помош во Скопје, во Итната медицинска помош во Куманово, и тимовите од итната медицинска помош од Штип, Велес и Свети Николе .