Платеничката револуција на СДСМ брутално го корумпира општетството

Анонимни невладини организации добивале милиони на своите сметки кои пак исплаќале огромни хонорари на физичи лица кои сега се најгласни на протестите. Тоа доведе до брутално и отворено коорумпирање на општеството, движење на црни пари за рушење на демократска власт.

Сорос не е единствениот играч на терен, присутен е и српски Канвас кој ги усовршува методите и начините на дејствување, кој во основа прават ерозија на правниот систем и газење на моралните и етички вредности, го загорзуваат спокојството на грашаните и нивната сигурност.

Срѓа Поповиќ - Српски Канвас
Срѓа Поповиќ – Српски Канвас

Поради неколку стотина луѓе се врши тиранија и пресија врз два милиони недолжни граѓани. Додека СДСМ продава приказни за постоење на режим, нивните јатаци на терен се полнат со црни пари. За таа улога клучни се спотер организациите кој служат како бројка во коалицијата на невладини финансирана од СОРОС.

Сквернавење на спомениците - Забележителен е симболот на стиснатата тупаница
Сквернавење на спомениците

Сите имиња на луѓе кои добиле пари од организациите на СОРОС, а кој ги објавивме јавно во изминатиот период се дел од платеничката револуција на СДСМ и секојдневно протестираат. Причината не е вербата во вредности, туку добивањето на пари и лична заработка.

Фани Каранфиловска
Фани Каранфиловска

Само за плати и хонорари за триесетина лица во последните две години СОРОС Македонија фрапантни близу сто милиони денари или поточно 97.600,816 денари. Само претседателката Фани Каранфиловска инкасирала 4.808,567 денари, уште подобро стои сопругата на еден од осмничените во „Пуч“ Ѓорѓи Лазаревски кој неовластено снимал разговори. Неговата сопруга Споменка Лазаревска инкасирала  5.122,830 денари, а Владе Милчин за една година заработил 2.693, 207 денари.

Споменка Лазаревска
Споменка Лазаревска

Веројатно никој не слушнал за Македонско здружение на млади правници кој за две години потрошиле 24.647,603 денари само за хонорари и разни плаќања на физички лица.

Мирјана Најчевска истура боја на фасадата на полициската станица „Беко“
Мирјана Најчевска истура боја на фасадата на полициската станица „Беко“
Саше Димовски
Саше Димовски

Веќе објавивме дека од тие пари заработеле и новинарот на ФОКУС Саше Димовски, уставната судика  Наташа Габер, адвокатот на Заев Филип Медарски, како и професорката Мирјана Најчевска која го нарушуваше јавниот ред и мир и ги сквернавеше спомениците на народните херои и зградите на институциите платени со парите на граѓаните.

Освен тоа што знае да фрла со боја, многу подобро заработува и првиот човек на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска. За истиот овој период Хелсиншки комитет  за хонорари и плати поделил околу 15 милиони денари, а на платниот список освен Уранија која заработила за една година 1.2 милиони денари, е и Љуми Бекири, Кочо Андоновски, а од соровите организации успеала пари да добие и ќерката на Уранија Пировска.

Љуми Бекири во судир со полицијата
Љуми Бекири во судир со полицијата

Соросовиот Центар за развој на медиуми обезбедил пари скоро за сите учесници во платеничката револуција на СДСМ. Тие за периодот 2014-2015-та година потрошиле над 10 милиони денари за разно разни плаќања меѓу кој веќе објавивме дека тие биле наменети за пратеничката на СДСМ Рената Десковска, за новинарката Билјана Секуловска, за наводниот граѓански активист Џелал Хоџик, за новинарот Зоран Димитровски, новинарите Предраг Петровиќ од А1 он, Гордана Дувњак од Утрински, за Сопругата на Бранко Геровски, Геровска Илиќ Билјана, за Саше Димовски, за Ида Протоѓер, за Младен Чадиковски, за Зоран Бојаровски, за Драган Антоновски, за Јован Постоловски од Либертас, а пари земале повторно и Уранија Пировска, како и керката на Фрковски Лени Фрчковска, и Петрит Сарачини.

Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи бараа оставка од Груевски.
Ида Протуѓер, Оливера Трајковска, Санта Аргирова, Среќко Поповски, Билјана Секуловска и Менче Атанасова Точи бараа оставка од Груевски.

Невладината керка на Сорос Македонија, Метаморфозис  за две години потрошиле само за хонорари и плаќања за активности на поединци цели 21.177,685 денари. Од оваа организација пари добиле новинарот Владе Ѓорчев 627 илјади денари, како и синот на Ерол, Горан Ризаов 342 илјади денари.

Ризаов на Фејсбук споделува фотографии од сквернавењето на фонтаната „Воин на коњ“
Ризаов на Фејсбук споделува фотографии од сквернавењето на фонтаната „Воин на коњ“

Сигурно прв пат ќе ги слушнете, но прилично добри суми на средства биле плаќани и од тотално анонимни невладини како што се Избор Струмица, Ехо Дендо Вас Скопје, Лил Скопје, Аква Зра, КХА Делчево и многу други. Ова отвора сомнеж дека освен коруптивен елемент се крие можност и за финансиски криминал и перење пари.

Шемата покажува дека пари биле делени на невладини чии седишта се зафрлени места, приватни станови, само за да се потрошат парите кои подоцна завршуваат на улица кај платениците кои се преставуваат дека креваат револуција.