По дисциплинска постапка 37 решенија против вработени во МВР

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 37 решенија против 37 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 5 и 3, и член 207 став 1 и 7 точки 1,  2, 4, 8, и 15 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на триесет и еден вработен им е изречена мерка „парична казна“ на четири вработени мерка  – „запирање на постапката“ и на двајца вработени мерка – „распоредување две нивоа пониско”.