Почина пешак откако во него удрил автомобил

На 04.07.2014 година во 19,51 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Александар Македонски“, ул.„16-та Македонска Бригада“ и ул.„Интернационални бригади“, се случила сообраќајна незгода во која М.П.(1983) од с.Арачиново-Скопје, управувајќи ПМВ„Голф“ со скопски регистерски ознаки, удрил во пешакот Јовица П.(1969) од с.Петровец-Скопје.

Во незгодата, пешакот Јовица се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во ГОБ-Скопје, каде починал. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.