Почина Жељу Желев, првиот кој ја призна независна Македонија

Првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, починал денеска на 79-годишна вoзраст.

Желев беше првиот претседател на една земја, кој ја призна независноста на Македонија. Тоа се случи на 15 јануари 1992 година. За претседател на Бугарија на Бугарија беше избран на првите демокртаски избори во земјата на 10 ноември 1989 година.

Тој беше голем пријател на Македонија и добитник на орденот „8-ми Септември“, кој му го врачи претседател на Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше иницијатор и коосновач на Клубот за гласност и перестројка и еден од основачите на Сојузот на демократските сили (СДС) во декември 1989 година. Желев е и еден од основачите на Социјал Демократскиот Сојуз на Бугарија.

Роден на 3 март 1935 година, во селото Веселинско, во областа Шумен. Завршува филозофија на Софискиот Универзитет во 1958 година, каде и докторирал во 1988 година.

zelПоследната фотографија на Жељу Желев, од пред околу еден месец, на Генералното собрание на Атлантскиот клуб
Извор: FB/Gergana Passy