Почнува изградбата на ново спортско игралиште во Аеродром

Официјално денеска ќе биде означен почетокот на изградбата на ново повеќенаменско игралиште во реонскиот центар Аеродром.

Игралиштето се наоѓа до основното училиште Александар Македонски, а на свеченоста ќе присуствува градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Конески, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Александар Пујовски.