По кратко боледување вчера вечерта (петок ) во кругот на семејството почина писателот Мето Јовановски (1928-2016) на 88 годишна возраст. Јовановски беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.
Во кариерата долга 6 децении, Мето Јовановски неговото творештво брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик.
Во понеделник во 13 часот ќе се одржи комеморација во ГЕМ клубот во Скопје.