Почина повреден моторџија

Моторџија, кој бил повреден во сообраќајна несреќа во петокот починал во болница, информираше МВР.

Според полицијата, завчера околу 8 часот во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал В.М. (26) од Кичево.

Тој бил тешко повреден при пад од мотоцикл во петокот во 2.10 часот на улицата Маршал Тито во Кичево.