Подгответе вкусен ролат со урми и смокви

Подгответе брз и едноставен колач со суво овошје со кој ќе се заблажите…

Состојки:

15 сушени смокви
10 урми
50 г масло
50 г големо мелени ореви
30 мл коњак
Отстранете ги рачките на сушените смокви. Заедно со урмите ставете ги во кујнски блендер и додадете во нив коњак. Нека состојките се разбијат за неколку секунди, а потоа додадете ги кон нив маслото и оревите.

Ако е потребно по повторното мелење додадете уште малку масло. Од добиената смеса направете ролат. Пред употреба ролатот ставете го еден час во фрижидер.