Погледнете како на Меркел и’ стојат мустаќи како оние на Хитлер

Во текот на неодамнешната средба на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, и германската канцеларка, Ангела Меркел, била забележана интересна фотографија.

Нетанјаху со прст покажувал пред лицето на Меркел и сенката од неговиот прст паднала токму на нејзините усни.

Тој момент го забележал фотографот на „Јерусалем пост“, Марк Израел Селем и фотографијата стана вистински хит на социјалните мрежи и предизвика бура од реакции.

Додека некои се смеат на овие фотографии, други сметаат дека тоа не го направил случајно.

Меркел допатува во Израел заедно со половина од своите министри на заедничка седница на двете влади.