Похрабри реформи за грчката економија

На Грција и’ се потребни похрабри реформи за да ја поттикне економијата и да ја направи конкурентна се’ со цел побрзо да закрепне, изјавил гувернерот на Централната банка на Грција, Јоргос Провопулос.

„За жал, обидите за структурни реформи досега беа прилично слаби, карактеризирани со колебање и одложување“, рекол тој во обраќање пред акционерите на Банката на Грција.

Гувернерот навел дека натрупувањето на ризичните кредити во грчките банки претставува причина за загриженост, но повтори дека Грчкиот фонд за финансиска стабилност има „заштитен ѕид“ од осум милијарди евра, кои можат да се употребат за покривање на евентуалните нови потреби на банките за капитал.