Полицијата во потрага по убиецот: Најден сведок скриен во грмушки

Првата ноќ, за време на претрагата на теренот во Црвенка недалеку од местото каде што било пронајдено телото на пејачката Јелена Крсмановиќ Марјановиќ, полицијата нашла некој бездомник во видно алкохолизирана состојба, пишува српски „Курир“.

Тој спиел во грмушките, а полицијата го разбудила и го привела на информативен разговор.

Не е познато дали тој има (ин)директни сознанија за убиството.

Полицијата ништо не препушта на случајот, туку детално истражува и го проверува секој детал.