среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 5

Полицијата пронајде 39 мигранти во Доброшане

migranti

Последни вести

Вкупно 39 мигранти, од кои 21 малолетно лице без документи за идентификација пронашла вчера полициската патрола во населбата Доброшане, Куманово.

Мигрантите, како што информира денеска МВР, биле пронајдени во напуштено товарно моторно возило „Форд Транзит“.

По наредба на Јавното обвинителство, три полнолетни лица мигранти ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци (ПЦС-Скопје) до расветлување на настанот.

Останатите 36 мигранти ќе бидат вратени во Транзитниот центар во Гевгелија, а потоа ќе бидат вратени за Грција.

Најчитани вести