Полицијата трага по тигар во близина на Париз

Полицијата и пожарникарите бараат избеган тигар во близината на Париз.

Како што јавија повеќе француски медиуми, тигарот бил забележан изутринава во Монтевран, кој го фотографирал и ги известил властите.

Во потрагата по тигарот е вклучен и хеликоптер, а последен пат бил забележан на паркингот на еден супрермаркет во Моневран. Силите на редот се опремени со пушки со парализирачко полнење.

Засега нема информација од каде доаѓа побегнатиот тигар, можноста дека тој е до циркусот кој престојувал во оваа област до минатиот викенд е исклучена, бидејќи санитарната контрола не регистрирала присуство на тигар во циркусот.