Полицијата во Белфаст заплени роботи кои делеле апчиња за абортус

Полицијата во Белфаст во четвртокот запленила автомати кои на улиците во градот во организации на две групи за човекови права делеле апчиња за абортус, под изговор дека сакаат да ја подигнат свеста за легално право на жените на прекин на бременоста.

Во Северна Ирска, којашто е дел од Велика Британија, расте притисокот врз институции од коишто се очекува да ги либерализираат едни од најригорозните прописи за абортусот во Европа, откако минатата седмица на референдум во Република Ирска гласачите се определија за ублажување на тамошните извонредно строги закони од оваа сфера.

Групите Rosa и Women on Waves користеле два робота коишто на минувачите пред зградата на судот во Белфаст им делеле апчиња за абортус, во рамките на нивната кампања за реформа на законот за здравство. Основачката на здружението Women on Waves, Ребека Гомпертс изјави дека полицијата од улиците ги отстранила и запленила роботите со коишто било управувано од Холандија, за да се покаже дека апчињата може да им се дадат на жените во Северна Ирска а да не се прекрши законот.

„Момент е и во Северна Ирска да се случат промени. Фактот дека абортусот во Северна Ирска не е дозволен претставува кршење на човековите права“, изјавила Гомпертс за Reuters. Додала дека апчиња земале и ги проголтале три жени, но не е познато дали биле бремени.

Полицијата во Белфаст потврдила дека ги запленила роботите, како и дека во тек е истрага за овој случај.

Во Северна Ирска абортусот е дозволен единствено во случај кога бремената жена е во животна опасност или постои објективна опасност нејзиното ментално или физичко здравје долготрајно да биде загрозено. Не е дозволен во случај на силување, инцест или, пак, во случај на фатална абнормалност на фетусот. Казната за извршување или подвргнување на нелегален абортус е доживотен затвор.

Притисокот врз институциите од кои се очекува либерализација на овој закон е зголемен откако владата на Ирска во вторникот, четири де а по одржаниот референдум за абортусот, најави дека и пред летната парламентарна пауза ќе го претстави предлог-законот со кој на жените ќе им се овозможи правото на прекин на бременоста.

Протестантите и католиците во Северна Ирска се помалку општествено конзервативни отколку во другите области, во Ирска или во Велика Британија. Северноирскиот парламент има право да го усогласи законот за абортус со другите делови на Обединето Кралство, но гласаше против оваа можност во февруари 2016 година. Парламентот во Белфаст не заседаваше откако се распадна коалициската влада во јануари 2017 година.