Полицијата запалила три тона марихуана и цел град бил среќен

Полицијата во Индонезија одлучила да уништи три тона марихуана запленета дрога, 1,8 килограми метт и две и пол илјади таблети екстази. Тоа го направиле во близина на еден мал град, палејќи оган, но не сметајќи на ветрот, кој почнал да дува накај градот.

Полицајците биле опремени со гас маски, но и тие ги чувствувале последиците од дрогата. Меѓутоа, насобраните новинари и граѓаните ја немале таа среќа. Неколку стотини лица пријавиле вртоглавици, а оние најизложените и главоболки. Повеќето од нив одеднаш биле многу подобро расположени.

Законите за дрогата во Индонезија се престроги, па ако ве фатат со помалку од килограм марихуана добивате од 4 до 12 години затвор. Ако, пак, се занимавате со препродажба на потешки дроги како екстази и мет, тогаш не ви бега доживотен затвор.