Поплавите во Индија и Пакистан земаат нови жртви

Илјадници луѓе се евакуирани со хеликоптери и чамци во Пакистан, каде поплавите денеска зафатија уште неколку населени места.

Во соседна Индија, пак, армијата од воздух им доставува храна на стотици илјади луѓе, кои се блокирани во поплавените реони на индискиот дел од Кашмир.

Индискиот и пакистанскиот дел на спорниот хималајски регион беа зафатени од големи поплави во последните денови. Официјални лица соопштија дека во двете земји загинале вкупно 461 лице.