Порошенко фаворит за нов претседател на Украина

Украина во недела избира нов претседател.

Во трка за претседателската функција се 17 кандидати, а главни фаворити се независниот кандидат Петро Порошенко, Јулија Тимошенко од партијата Татјковина и пратеникот Серхиј Тихопко од Партијата на регионите.

Порошенко би можел да победи уште во недела имајќи предвид дека многумина во сепартистичкиот регион Донбас нема да гласаат, што дополнително ги зголемува неговите шанси да биде избран за претседател во првиот круг, проценуваат аналитичарите.