„Последниот Џедај“ го има вториот викенд во историјата

Осмото продолжение на научнофантастичната сага Војни на ѕвездите под наслов „Последниот Џедај“ го остварил првиот викенд од прикажувањето вториот најдобар резултат во историјата на северноамериканската листа на најуспешни филмови.

„Војна на ѕвездите: Последниот Џедај“, на американскиот режисер Рајан Џонсон, донел заработка од 220 милиони американски долари во првите три дена од прикажувањето во северноамериканските коно-сали и веднаш се вброи во врвот на листата, објави во неделата специјализираната компанија „Exhibitor Relations“.

Подобар успех остварил само претходното продолжување од франшизата Војни на ѕвездите, „Силата се буди“ со 245 милиони заработка во првиот викенд.

Се проценува дека „Последниот Џедај“ првиот викенд од прикажувањето во светот заработил астрономски 450 милиони долари.