Последните зборови на напаѓачот пред да почне со крвавиот поход кај Зрењанин

Регионот вчера остана во шок, откако се појави веста за напаѓачот кој со калашников изврши напад во кафуле во местото Житиште во близина на Зрењанин во Србија.

Курво, ќе бидеш само моја и ничија! – извикнал љубоморниот Синиша Златиќ (38) од Житиште и почнал да пука во гостите во преполното кафуле „Арт – Макијато“, пишува српски „Курир“.

Во крвавиот поход, Синиша ја уби сопругата Дијана Златиќ (30), Владимир Косовиќ (34), Владимир Мијатовиќ (40), Стефан Јојиќ (40), Јована Поповиќ (20) и рани уште 22 лица, меѓу кои тројца се малолетни.