Постојана заштита за време на велигденските празници

Министерството за здравство соопшти дека за време на претстојниот празник и продолжен викенд ќе обезбеди континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари.
Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во Службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник.
Редовно дежурство е организирано и на специјалистичката служба во Поликлиника Букурешт во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку „Мој Термин“, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.
Освен во Скопје, 24-часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд, државата ќе обезбеди и низ сите останати општини.