Потресни детали за тешката сообраќајка кај Гевгелија

Велешките лекари не можеле да ги сокријат солзите кога утврдиле дека за осуммесечниот Андрија нема спас.

Во вчерашната страшна сообраќајка на патот Демир Капија – Удово загина 8 месечно бебе, а уште 4 лица се тешко повредени од кои двајца се во критична состојба. Меѓу нив има уште едно дете.

Марија и Драган Маринковиќ, заедно со своето бебе живееле во Швајцарија. Тие заедно со братот на Драган, Никола, тргнале на одмор во Грција, но несреќата ги запрела во Македонија.