Потврден обидот за атентат врз британската кралица на Нов Зеланд

Обидот на еден тинејџер да изврши атентат врз британската кралица Елизабета Втора во текот на нејзината посета на Нов Зеланд во 1981 година полицијата го забошотила, покажуваат документите од кои неодамна е симнaта ознаката за доверливост.

Во текот на кралската парада во градот Данидин, тогаш 17-годишниот Кристофер Џон Луис се сокрил во кабина на тоалет и истрелал куршум кон кралицата во моментот кога таа излегувала од нејзиниот „ролс ројс“. Куршумот минал покрај главата на Елизабета Втора, извести во четвртокот новозеландскиот портал Stuff.

Иако Луис бил уапсен, никогаш не бил обвинет, а на домашните и странските новинари коишто го слушнале истрелот им било кажано дека во близината паднал сообраќаен знак.

Новозеландската безбедносна агенција NZSIS, објави досега тајни инфромации откако порталот Stuff во јануари извести за неуспешниот атентат. Според извештајот, документите на NZSIS покажува дека Луис бил обвинет за вооружен грабеж и провала, како и дека полицијата немала намера да го обвини за предавство.

„Луис во почетокот вистински имал намера да изврши атентат врз кралицата, но не имал добра позиција за пукање, ниту пушка за доволен дострел“, се наведува во подоцнежен документ на разузнавачката служба со кој се потврдува обидот атентат.

Поранешниот полициски офицер Том Луис, кој се занимавал со случајот на тинејџерот со остро презиме, изјавил дека политиката се вмешала поради стравувањето дека во земјата нема да има посети на членови на кралското семејство поради безбедносни пропусти, пишува Stuff.