Повеќе делови во Скопје без струја

Без електрична енергија утре од 9 до 11 часот, ќе бидат дел од корисниците од улица Шарпланинска  и дел од корисниците кај Лепенец во Ѓорче Петров (општина Ѓорче Петров).

Во понеделник без струја ќе останат:

– Во периодот од 8.30 до 10.30 часот, корисниците од улица Серска (општина Кисела Вода).

– Во периодот од 9 до 12 часот, корисниците од улица Стогово од бр.21 до бр.27, како и корисниците од улицата Козле од бр.28 до бр.37 (општина Карпош).

– Во периодот од 9 до 14 часот, објектот на терминалот Блаце, како и корисниците од селата Горно и Долно Блаце (општина Чучер Сандево).