Повеќе скопски населби утре без струја

Дел од корисниците од населбата Радишани и жителите од скопските селата Смиљковци, Црешево и Виниче утре од 8:25 до 15 часот ќе бидат без струја.

Без електрична енергија во периодот од 8:30 до 11 часот утре ќе останат објектот на поликлиника Чаир, дел од корисниците од Старата скопска чаршија и хотел „Арка“ во општина Чаир.

Во периодот од 9 до 12 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Кочо Рацин“ блок 9 – помеѓу градинката и маркетот „Тинекс“ во општина Центар, како и корисниците од улицата „Илија Димовски“ број 11, 13, 15, 17 и 19 во општина Аеродром.

Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Манчу Матак“ број 13 и 33 во општина Ѓорче Петров, а од 12 до 15 часот   корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром, дел од селото Сарај и ТЦ Омер Компани во општина Сарај.

Корисниците од улицата „Ернест Телман“, општина Аеродром,  во периодот од 12:30 до 15:30 ќе бидат без струја.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради инвестиции во електромрежата.