Повеќе од 1 000 луѓе загинале во Кобане

За време на одбраната на сирискиот пограничен град Кобане биле убиени повеќе од илјада луѓе откако Исламска држава покрена офанзива врз тој град пред речиси два месеца, соопшти Сириската организација за човекови права.

– Најмалку 1.013 луѓе се убиени во борбите околу Кобане од почетокот на офанзивата досега, прецизира Рами Абдел Рахман од таа организација.

Меѓу убиените се 609 џихадисти од сунитската екстремистичка група Исламска држава, 363 припадници на Курдската народна заштитна единица, 16 курдски доброволци и еден сириско-арапски припадник од редовите на Курдите како и 24 цивили. Во тие цифри не се наведени жртвите кај џихадистите од американските воздушни напади.