Повредено момче во тешка сообраќајка во Драчево

Момче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која попладнево се случила во скопската населба Драчево, во близина на поштата.

Во несреката учествувале автомобил „југо“ и мотор „кавасаки“, кој го управувал М.В.

Момчето кое го управувало моторот со тешки повреди е пренесено во ГОБ Св. Наум Охридски, а неофицијално има скршеница на главата и крварење.

На местото на несреќата извршен е полициски увид.