Повторно сомнителен случај на ебола во Словенија

Словенечки државјанин со сериозни симптоми на ебола,е  хоспитализиран во Клиничкиот центар во Љубљана, соопшти директорот на љубљанската Инфективна клиника, Франц Стрле.

На прес-конференција во Љубљана, Стрле нагласи дека станува збор за државјанин на Словенија кој пред враќањето во татковината престојувал во една африканска држава каде еболата е се уште активна.

Примероци од пациентот, кој бил хоспитализиран вчера со висока температура и други симптоми на еболата, се испратени на анализа. Првичните резултати од анализата се можни уште во текот на денов, а конечните ќе бидат познати за неколку дена.

Ова е прв серозен сомнеж за можна појава на ебола во Словенија, по неколкуте „лажни“сомнителни случаи кон средината на минатата година.

Во моментов, здравстевната состојба на пациентот во моментов се оценува како добра.