Познат бизнисмен повреден во сообраќајката на патот Кичево – Охрид (ВИДЕО)

Силјан Мицевски, почесен конзул на Србија во Македонија, генерален менаџер на градежната компанија „Пелистер“ и поранешен градоначалник на Битола е еден од повредените во тешката сообраќајна незгода која се  случи утрово на патот Охрид-Кичево кај селото Мешеиштае.

Силјан Мицевски
Силјан Мицевски

Тој се возел во џипот марка „порше кајен“ со дипломатски регистерски таблички.  Според неофицијални информации во несреќата учествувале камион и два автомобили, а повредени се четири лица, од кои едно е во животна опасност.

Потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информираше дека на местото на несреќата увид вршат полициски екипи, а повеќе информации за причините за несреќата ќе бидат соопштени во текот на денот.

Поради увидот на полициските екипи сообраќајот на патот е во застој и се пренасочува по локалните патишта.

Силјан Мицевски оваа година ја доби наградата „Личност на Југоисточна Европа“ која ја доделува Одборот на Филмскиот фестивал за Југоисточна Европа, како поддржувач на културата и спортот во областа на Југоисточна Европа.  Тој е с опственик и на РК Пелистер.