Познати се трите тима од кои Вардар ќе го чека противникот во осминафиналето во ЛШ

Конечно се познати можните противници на Вардар во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Висла Плок (Полска), Данкерк (Франција) и Загреб (Хрватска) се тимовите кои завршија на третото место во своите групи и, судејќи според изданието на Вардар против Рајн Некар, ќе се молат да ги избегнат “црвено-црните” во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони.

Најпосакуван противник во таборот на “вардарци” секако е Загреб, не само поради тоа што добро го познаваат тимот, туку и самиот факт што се предводени од поранешниот стратег на Вардар и миленик на “комитите”, Веселин Вујовиќ што ветува одличен и темпераментен двомеч.