Правото на избор при вакцинација, родителите ќе го бараат во Стразбур

Родителите  кои не се согласуваат со задолжителната имунизација на своите деца реагираат на одлуката на Уставниот суд да ја игнорира нивна Иницијатива за укинување на присилната вакцинација. Според нив, со ова Уставниот суд манифестира  низок степен за општествена одговорност, краен безобразлук и невоспитание игнорирајќи секаква потреба од поширока расправа за прашање кое се однесува за здравјето на децата и отворен сомнеж во кредибилитетот и правната компетентност со кое располага оваа институција.

„Уставните судии повикувајќи се на членот 39 од Уставот на РМ според кој- “Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите”, едноставно покажаа дека ниту знаат, ниту се обиделе да разберат што всушност е содржината на Иницијативата за укинување на задолжителното вакцинирање на децата.  Затоа што  ако подотвореле и потпрочитале ќе виделе дека духот на тој член 39 “диши“ низ целиот текст на Иницијативата – родителите се борат за здравјето на сите деца во ова мизерно и примитивно општество!!! Како е можно правници да се чувствуваат компетенти да  донесуваат толку важни и суштествени медицински одлуки  во име на сите граѓани во една држава ?! Зошто како некомпетентно тело го ускратија најлогичниот чин –  јавна расправа на која ќе можеа да слушнат за што всушност тоа одлучуваат. И како е можно без јавна расправа правниците да дојадат до таков фрапантен заклучок дека со вакцинација се чува со сопственото здравје па камоли здравјето на другите ?! По чие мнение и консултација завршија така славно на тој член од уставот без јавна расправа со компетентни лица?“ реагираат родителите.

Оттаму објаснуваат дека иницијативата за укинување на присилното вакцинирање не била насочена кон укинувањето на вакцините, туку да им се врати правото и одговорноста на оние на кои им припаѓа, на родителите – врз основа на својата совест, свест и љубов  да се грижат за здравјето на сопствените деца.

„И конечно, бидејќи уставниот суд се покажа како целосно неспособен да го одбрани Уставот и граѓанинот од неуставни закони, нам како родители единствено што ни преостанува е граѓанска неспослушност (како начин да го испочитуваме Уставот) кон оние закони кои се косат со највисокиот државен акт и со сите меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Следната адреса на која ќе биде упатена Иницијативата е Стразбур, со надеж дека ако ништо друго, барем ќе биде разгледана како треба. Ќе видиме дали и Стразбур толку лесно гази по сите основни човечки права и принципи.