„Предавниците најмногу ги плаши македонштината во народот“

Актерот и член на ГДОМ, Тони Михајловски на панел дискусија пред чуварите на демократијата истакна дека она што го растажува се неволјите на неговиот народ кои, како што вели, ги произведуваат одредени луѓе од нашиот народ.

-Никогаш не била поточна реченицата на Гоце Делчев дека ниту еден народ на светот не страдал толку колку македонскиот народ што страдал од сопствените предавници. И тие предавници отсекогаш постоеле меѓу нас само што многу итро се криеле, се маскирале и се претставувале дека се Македонци, а всушност никогаш тоа не биле, најмногу ги плашела македонштината во нив, и секогаш кога таа македонштина во нашиот народ се разбудувала, тие уште поваќе гледале да ја сокријат,  рече пред присутните Михајловски, кој додаде:

-Растевеме во држава во која за Сава Ковачевиќ учевме 20 страници, а за Ќосето не слушнавме ништо, за Чакаларов не прочитавме ни половина страница, додека за Светозар Вукмановиќ-Темпо моравме да знаеме се на памет. Секогаш ни ја потрупуваа историјата, секогаш ни го ампутираа македонското, секогаш не ставаа во некои одредени тефтери, па и сега ги активираат нивните таканаречени ќелеш тефтери и во нивните тефтери секогаш се наоѓале Македонци, и верувајте доколку ве запишаат во нивните тефтери да знаете дека сте Македонци, тоа е најголемиот доказ дека си ја сакате сопствената држава, затоа што во нивните тефтери имало само Македонци и посебно оние кои биле најголемите борци и се бореле да ја сочуваат оваа држава, јасикот и идентитетот, посочи Михајловски.

Секогаш кога ние Македонците сме го губеле идентитетот, рече Михајловски, тој се зачувувал во четирите свети букви ВМРО – внатрешна македонска револуционерна организација.

-И не бадијала се плашат, кога организацијата се заканува, зад таа закана стои сериозноста на еден народ, стои неговата храброст и неговата одлучност, додаде тој.